Маденска Река

река во Македонија

Маденска Река, Меденска Река или Тополничка Рекарека во Источна Македонија и десна притока на реката Крива Лакавица.

Маденска Река
Местоположба
Физички особености
УстиеКрива Лакавица
 • координати
41°36′59.8″N 22°16′34.4″E / 41.616611° СГШ; 22.276222° ИГД / 41.616611; 22.276222
 • надм. вис.
330 м
Должина19,5 км
Особености на сливот

Течение

уреди

Реката извира во западниот дел на планината Плачковица. Нејзиното течение е низ Лакавичко, западно од градот Радовиш, покрај патот Штип-Радовиш. Се влева во реката Крива Лакавица од нејзината десна страна.[1]

Хидрографија

уреди

Маденска Река е долга 19,5 км.[2] Нејзиниот извор е на надморска височина од 950 м, а вливот на надморска височина од 330 м, со што висинската разлика изнесува 620 м. Сливно подрачје на реката е со вкупна површина од 65,35 км2.[1]

Стопанство

уреди

По течението на реката во горниот тек е изградено Тополничко Езеро коешто служи за прибирање на отпадниот материјал (јаловина) од преработката на бакарната руда ископана од околниот рудникот „Бучим“.[2]

Знаменитости

уреди

По течението на реката, јужно од штипското село Шопур, е сместено археолошкото наоѓалиште Мадемска Река коешто е остаток од рудник од римско време.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 46. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. 2,0 2,1 „Извештај од извршената ревизија на Студијата за последиците од поплавен бран за степенот на изграденост на круната на браната „Тополница" за кота 630 м.н.в.“ (PDF). Штип: Рударско-геолошки факултет - Штип. декември 2014. Посетено на 29 април 2022.

Надворешни врски

уреди