Готен
Готен — средновисока планина во Источна Македонија којашто ѝ припаѓа на Родопската зона. Се наоѓа помеѓу планините Огражден на исток и Плачковица на запад. Од Плачковица е одвоена со долината на Смилјанска Река, а од Огражден со длабоката клисура на Нивичанска Река. Помеѓу овие две речни долини се протега билото на Готен, на кое се издвојуваат врвовите: Грамадник (1.420 м), како највисок, Аџи Чука (1.299 м) и Калбак Даши (1.178 м). Спрема југ постепено се спушта во дното на Радовишката Котлина. Во подножјето на јужната падина се наоѓаат селата: Јаргулица, Покрајчево и Злеово. Во реонот на планината се наоѓа ловиштето „Џами Тепе”.[1]
Готен | |
планина | |
Поглед на Готен и Радовишкото Поле
| |
Регион | Балкан |
---|---|
Се граничи со | ![]() |
Највисока точка | Грамадник |
- височина | 1.420 м |
НаводиУреди
- ↑ „Ловиште "Џами Тепе" - реон Берово“. Македонско ловство. 4 јули 2009 12:39. Посетено на 2010-05-08. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)