Црква „Св. Марина“ - Боротино

црква во Боротино, Македонија

Света Марина (или Света Марена) — главна селска црква во прилепското село Боротино, Македонија.[1][2]

Света Марина

Црквата со гробиштата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Малокоњарска
Местоположба

Карта

Координати 41°17′23.6″N 21°23′42.4″E / 41.289889° СГШ; 21.395111° ИГД / 41.289889; 21.395111
Место Боротино
Општина Кривогаштани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Марина
Завршено 1862
Осветување 1862
Живопис 1862
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен
Стил преродбенички

Црквата се наоѓа на влезот во селото од насока на Обршани. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа во југозападниот дел на селото.[3]

Историја

уреди

Црквата е подигната во втората половина на XIX век и претходно на нејзино место немало ништо.[3] Била завршена и осветена во 1862 година од митрополитот Венедикт Византиски.[4]

Архитектура

уреди

Претставува еднокорабна градба со висок свод и тристрана апсида однадвор.[4]

Фрескоживопис

уреди

Целосно е живописана во 1862 година од зографот Станко Цветков од Крушево.[4]

Во припратата на црквата се чува римска мермерна статуа без глава и дел од градите.[5]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Малокоњарска Парохија | Преспанско - Пелагониска Православна Епархија“. Посетено на 2022-01-04.
  3. 3,0 3,1 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Црква „Света Марина", село Боротино“. OLDPRILEP.COM. 2012-02-18. Посетено на 2022-01-04.
  5. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 282. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски

уреди