Суводолски манастир (Битолско)

манастир во Македонија

Суводолски манастирманастир во јужниот дел на Македонија, во близина на селото Суводол.[1]

Суводолски манастир
Поглед на манастирот
Информации
Целосно имеСуводолски манастир
Други имињаМанастир „Свети Никола“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наСвети Никола
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
ЦрквиЦрква „Св. Никола“
Личности
Место
МестоСуводол, Општина Новаци Македонија Македонија
Координати41°04′29.6″N 21°32′23.7″E / 41.074889° СГШ; 21.539917° ИГД / 41.074889; 21.539917
Видливи остатоциедна црква, конак, чешма, езерце, помошни објекти
Отворен за јавностада
Други информации(Новачка парохија)

Местоположба

уреди

Манастирот се наоѓа во месноста Браенец, на неколку стотина метри северозападно од Суводолското Езеро. Познато е дека бил преместен на денешното место.[2]

Историја

уреди

Од натписната плоча до влезот на конакот се забележува дека манастирот бил подигнат во 1931 година на околу 1 км јужно од неговото денешно место. Но, поради лизгање на теренот од ископот на јаглен, тој бил срушен во 1994 година и одново подигнат на сегашното наоѓалиште во 1996 година.

Градби

уреди

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма, езерце и помошни објекти.

Црква „Св. Никола“

уреди

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола којашто има по една монофора на секоја страна и многуаголна апсида на источната страна. Црквата има два влеза — главен на западната и спореден на јужната страна.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Суводол Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски

уреди