Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Новаци
Рождество на Пресвета Богородица – манастирска црква на Новачкиот манастир.[1]
Рождество на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Новачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°02′42.5″N 21°26′19.7″E / 41.045139° СГШ; 21.438806° ИГД |
Место | Новаци |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 2006 |
Осветување | 13 јуни 2009 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Историја
уредиЦрквата била изградена во 2006 година.[2] Осветувањето на храмот било извршено на 13 јуни 2009 година, на празникот Педесетница, од страна на Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар во сослужение со Епископот Хераклејски г. Климент, а на настанот присуствувал и говор одржал македонскиот премиер Никола Груевски.[3]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е трикорабна и претставува крстокуполен храм со осум куполи.[2] Над средишниот дел од храмот се издигаат една голема и четири помали цилиндрични куполи, а секоја од нив има по осум монофори и е покриена со бакарна плоча. Црквата има и три странични куполи на западната, јужната и северната страна коишто исто така се покриени со бакарни плочи. Влезот се наоѓа на западната страна и над него има ниша со полукружен мозаик на којшто е претстсавена Богородица со Исус. На источната страна на црквата има полукружна апсида. Внатрешноста на црквата е зографисана, а мермерниот иконостас содржи икони само на ѓаконските порти и дрвените царски двери. На дел од мермерниот под во внатрешноста на црквата е насликана Ѕвездата од Кутлеш.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Влезот
-
Куполите
-
Апсидата
-
Вестибулот
-
Живопис во вестибулот
-
Натпис над влезот од внатрешната страна
-
Внатрешноста
-
Иконостасот
-
Лустерот
-
Ѕвездата од Кутлеш на подот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 13. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Новаци Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
- ↑ „Осветен нов манастирски храм посветен на Пресвета Богородица во с. Новаци“. МПЦ. 13 јуни 2009.
Надворешни врски
уреди- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Новаци на Ризницата ?