ПУ „Славко Лумбарковски“ - Бач
основно училиште во Македонија
Основно училиште „Славко Лумбарковски“ (официјално: Подрачно основно училиште „Славко Лумбарковски“ - Бач; скратено: ПОУ „Славко Лумбарковски“) — подрачно основно училиште во селото Бач, составен дел на истоименото училиште во селото Новаци, Општина Новаци.[1]
Славко Лумбарковски
| |
---|---|
Поглед на подрачното основно училиште „Славко Лумбарковски“
| |
Место | |
Општина: | Општина Новаци |
Наречено по: | Славко Лумбарковски |
Нас. место: | Бач |
Адреса: | с. Бач |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1962 |
Број на ученици: | 28 (2021/2022) |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Училиштето е именувано по македонскиот народен борец Славко Лумбарковски.
Местоположба
уредиУчилиштето се наоѓа во средишниот дел на селото, во непосредна близина на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“.
Објект
уредиОбјектот на училиштето бил изграден во 1962 година и зафаќа површина од 732 м2.[2]
Настава
уредиВо училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[3] Наставата се изведува во една смена.[2]
Галерија
уреди-
Училишната зграда
-
Игралиште во дворот на училиштето
-
Лулашки во дворот на училиштето
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-14.
- ↑ 2,0 2,1 „Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 9-10.
- ↑ „Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 7.