Црква „Св. Атанасиј“ - Градешница
Свети Атанасиј – црква во селото Градешница. Се среќава и како манастирска црква.[1]
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Старавинска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°05′24.8″N 21°45′16.6″E / 41.090222° СГШ; 21.754611° ИГД |
Место | Градешница |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Атанасиј Александриски |
Завршено | 1980-ти |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на неколку километри северно од селото, на ридот Атанасица којшто ѝ дава доминантна положба во однос на селото.
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1980-тите години и долги години била во лоша состојба. Во периодот 2011-2012 била препокриена и ставена во заштита на Општина Новаци.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има празна ниша, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто исто така има празна ниша. До северниот ѕид е доградена затворена припрата со дрвени ѕидови. Внатрешноста на црквата не е зографисана, а иконоастасот е во изработка. Објектот е изграден од варовник и во целост е покриен со кров од ќерамиди.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Црквата со припратата
-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Припратата
-
Внатрешноста на црквата
-
Иконостасот во изработка
Поврзано
уреди- Бренски манастир
- Црква „Св. Илија“ - Градешница
- Црква „Св. Димитриј“ - Градешница
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градешница
- Црква „Св. Никола“ - Градешница
- Црква „Вознесение Христово“ - Градешница
- Црква „Св. Антониј“ - Градешница
- Градешница
- Преспанско-пелагониска епархија
- Битолско архијерејско намесништво
- Старавинска парохија
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 15. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Градешница[мртва врска]. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Градешница на Ризницата ?