Куќа на Калеш Анѓа
Куќа на Калеш Анѓа — куќа во селото Старавина од којашто потекнува македонската хероина Калеш Анѓа.
Потекло
уредиКалеш Анѓа потекнувала од родот Сирмевци, кои живееле во маалото во коешто денес се наоѓа куќата, па така кај месното население куќата станала позната како „Куќата на Калеш Анѓа“.[1]
Архитектура
уредиКуќата претставува традиционален тип на градба со правоаголен облик, ѕидана од дрво, камен и кал, со функционална и симболичка поделба на горен и долен дел. Горниот дел служел за домаќинството, а долниот за чување на стоката. Особено впечатлив дел од куќата е отворениот чардак.[2]
Предание за Калеш Анѓа
уредиПреданието за Калеш Анѓа е овековечена во истоимениот роман на Стале Попов. Според преданието, убавата девојка Анѓа, одбивајќи да се потурчи, на сила била грабната и однесена кај бегот во Прилеп. Тогаш, разгневените жители на мариовските села се обединиле и отишле во Прилеп за да ја вратат Анѓа дома. Понатаму, тие се засолниле во тврдината Пешта, каде што живееле под опсада десет години, сè додека една баба не ги предала. Потоа, преданието вели дека Анѓа завршила во Истанбул, каде што го сретнала својот брат близнак Анѓеле, кого го препознала по белегот на ногата, а тој ја вратил назад во селото.[2]
Приказната за грабнувањето на Калеш Анѓа се смета за повод на кревањето на Мариовско-прилепската буна од 1564-1565 година.[1]
Галерија
уреди-
Поглед на куќата
-
Поглед на куќата
-
Чардакот
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Куќа на Калеш Анѓа на Ризницата ?
41°05′24.5″N 21°44′08.8″E / 41.090139° СГШ; 21.735778° ИГД