Краварско-бачка парохија

парохија на МПЦ-ОА

Краварско-бачка парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Битолското архијерејско намесништво на Преспанско-пелагониската епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Кравари.[1] Парохиски свештеник е ереј Николче Неделковски.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Кравари е парохиско седиште

Парохијата ги опфаќа селата: Бач, Брод, Гермијан, Горно Егри, Добровени, Долно Егри, Живојно, Кравари, Кременица, Оптичари, Скочивир, Сливица, и Средно Егри.

Цркви и манастири

уреди

Ова е список на црквите и манастирите во парохијата. Можно е списокот да не е целосен:

име населено место изградена слика
Црква „Успение на Пресвета Богородица“
(главна парохиска црква)
Кравари 1894  
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ Бач XIX век  
Црква „Св. Никола“ Брод 1840  
Црква „Св. Ѓорѓи“ Гермијан 1860
Црква „Св. Климент Охридски и Пресвета Богородица“ Гермијан
Црква „Св. Димитриј“ Добровени 1886  
Црква „Св. Петка“ Долно Егри XIX век  
Црква „Св. Богородица“ Долно Егри XX век  
Црква „Вознесение Христово“ Живојно 1885  
Црква „Св. Илија“
(манастирска црква)
Живојно  
Црква „Св. Атанасиј“ Кременица  
Црква „Св. Архангел Михаил“ Оптичари  
Црква „Вознесение Христово“ Оптичари  
Црква „Св. Ѓорѓи“
(манастирска црква)
Оптичари  
Параклис „Св. Никола“ Оптичари  
Црква „Св. Петка“ Скочивир 1826/1860  
Црква „Св. Архангел Михаил“
(манастирска црква)
Скочивир 1967  
Црква „Св. Петар“ Кајмакчалан 1928  
Црква „Св. Никола“ Сливица 1887
Црква „Св. Недела“ Сливица
Црква „Архангел Михаил“ Средно Егри 1830  
Црква „Св. Димитриј“ Средно Егри 1911  

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди

40°59′33.1″N 21°22′59.2″E / 40.992528° СГШ; 21.383111° ИГД / 40.992528; 21.383111