Црква „Св. Илија“ - Сулдурци
Свети Илија — главна селска црква во селото Сулдурци.[1]
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Радовишко |
Парохија | Ораовичко-воиславска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°34′56.6″N 22°29′08.9″E / 41.582389° СГШ; 22.485806° ИГД |
Место | Сулдурци |
Општина | Радовиш |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | 2004 |
Завршено | 2010 |
Осветување | 2010 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | крстокуполен храм |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена во непосредна близина на сретселото.
Историја
уредиЦрквата била осветена на 14 ноември 2010 година со света божествена литургија со која чиноначалствувал Митрополитот Брегалнички г. Иларион.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Влезот се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена припрата, а над влезната врата има полукружна ниша со фреска на којашто е насликан Свети Илија. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди, додека куполата е покриена со лимен кров.
Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата, трпезарија, бунар и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и претставува примитивна железна конструкција покриена со пирамидален кров. Сместена е нпосредно од десната страна од влезот во дворот на црквата.
Галерија
уреди-
Поглед на дворот на црквата
-
Поглед на црквата
-
Црквата со патот
-
Влезот
-
Куполата
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Трпезаријата
-
Бунарот
-
Поглед на црквата со сретселото
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 29. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Осветена црква во с.Сулдурци“. Штип: МПЦ-ОА Брегалничка епархија. 14 ноември 2010. Архивирано од изворникот на 2016-10-05. Посетено на 15 април 2016.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Сулдурци на Ризницата ?