Црква „Св. Архангел Михаил“ - Ињево

манастирска црква на Ињевскиот манастир „Св. Архангел Михаил“

Свети Архангел Михаил — манастирска црква на Ињевскиот манастир „Св. Архангел Михаил“.

Свети Архангел Михаил

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Радовишко
Парохија Ињевско-конечка
Местоположба

Карта

Координати 41°36′15.1″N 22°24′49.6″E / 41.604194° СГШ; 22.413778° ИГД / 41.604194; 22.413778
Место Ињево
Општина Радовиш
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Изградба 27 април 1999
Осветување 20 октомври 2002
Архитектонски опис
Архит. тип крстокуполен храм

Историја

уреди

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 27 април 1999 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Црквата била осветена на 20 октомври 2002 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.[1]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Главниот влез на црквата е сместен на западната страна кон којашто е доградена отворена припрата, а над влезот од припратата има ниша со фреска на којашто е прикажан Архангел Михаил. Црквата има и спореден влез на северната страна. Објектот е граден од тули коишто се забележливи на најголем дел од површината на ѕидовите, додека апсидата и крилата се обоени во бела боја. Покриен е со кров од ќерамиди.

Внатрешноста на црквата не е фрескоживописана. Престолните икони се од монахињата Макрина од Беровскиот женски манастир, а останатите икони се дело на зографот Тони од Радовиш.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди