Црква „Св. Димитриј“ - Брник
Свети Димитриј – главна селска црква во селото Брник.
Свети Димитриј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Старавинска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°04′58.4″N 21°38′22.5″E / 41.082889° СГШ; 21.639583° ИГД |
Место | Брник |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Димитрија Солунски |
Завршено | 1887 |
Живопис | 1927 |
Зограф | Митр Трпковиќ, Трпко Трпковиќ, Ристе Трпковиќм, Косто Николиќ |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во северниот дел од селото.
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1887, што е забележано на влезната врата. Од записот на српски јазик во внатрешниот дел од рамката на нишата над влезната врата се забележува дека црквата била зографисана од Митре Трпковиќ со синовите Трпко и Ристе, како и Косто Никлиќ од селото Лазарополе во 1927 година. Храмот бил обновен во 2002 година и денес е добро сочуван.[1]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Објектот има димензии од околу 12 × 7 м и е висок околу 5-6 м.[2] Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е претставен Свети Димитрија Солунски. На рамката од нишата од внатрешната страна се забележува натпис на српски јазик во врска со зографисувањето на храмот, а над нишата има натпис на којшто е забележана годината на изградба. Црквата има и спореден влез којшто е сместен на јужната страна, а над него има празна ниша. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата се сместени селските гробишта.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Западната страна
-
Главниот влез
-
Нишата над главниот влез
-
Споредниот влез
-
Нишата над споредниот влез
-
Апсидата
-
Селските гробишта
-
Гробови
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Брник Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
- ↑ „Св. Димитриј, с. Брник Архивирано на 19 ноември 2021 г.“. Итар Пејо.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Димитриј“ - Брник на Ризницата ?