Втора крушевска парохија

црковна парохија на МПЦ-ОА

Втора крушевска парохија — македонска православна парохија, дел од Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Парохијата е една од двете градски крушевски парохии со седиште во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и ги опфаќа историското село Трстеник и селата Пуста Река, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Арилево, Селце и Белушино. Парохиски свештеник е Ереј Крсте Тасески.[1]

Цркви

уреди

Ова е список на црквите во парохијата.[2] Можно е списокот да е нецелосен.

име населено место изградена слика
Црква „Успение на Пресвета Богородица“
(парохиска црква)
Крушево 1867  
Црква „Вознесение Христово“ Крушево 1826  
Црква „Св. Недела“ Крушево 1998  
Црква „Св. Петка“ Крушево 2016  
Црква „Св. Василиј“ Трстеник/Крушево 1995  
Црква „Свето Преображение“ Селце/Крушево 1986  
Црква „Св. Петка“ Селце 1878  
Црква „Св. Никола“ Пуста Река  
Црква „Св. Илија“ Пуста Река  
Црква „Св. Димитриј“ Горно Дивјаци  
Црква „Св. Ѓорѓи“ Горно Дивјаци  
Црква „Св. Никола“ Долно Дивјаци  
Црква „Св. Никола“ Арилево  
Црква „Св. Атанасиј“ Арилево  
Црква „Св. Никола“ Белушино XI век

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Прва крушевска парохија“. Преспанско-пелагониска епархија. Посетено на 11 декември 2021.
  2. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди

41°22′10″N 21°14′47″E / 41.36944° СГШ; 21.24639° ИГД / 41.36944; 21.24639