Демиркаписка парохија

црковна парохија на МПЦ-ОА

Демиркаписка парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Кавадаречкото архијерејско намесништво на Повардарската епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во градот Демир Капија. Во составот на оваа парохија е градот Демир Капија со селата Прждево, Бистренци, Корешница, Клисура, Чифлик, Дрен, Копришница, Драчевица, Бесвица, Барово, Вешје и Стрмашево.[1]

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Демир Капија е парохиско седиште

Цркви

уреди

Ова е список на црквите во парохијата. Можно е списокот да е нецелосен.[2]

име место изградена слика
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ Демир Капија 1935-1937
(главна парохиска црква)
 
Црква „Св. Атанасиј“ Прждево 1858  
Црква „Св. Петка“ Бистренци 1967-1971  
Црква „Вознесение Христово“ Корешница 1972  
Црква „Св. Никола“ Клисура XIX век  
Црква „Св. Талалеј“ Клисура  
Црква „Св. Атанасиј“ Чифлик 1857  
Црква „Св. Никола“ Дрен 1868/1910  
Црква „Св. Илија“ Дрен  
Црква „Св. Ѓорѓи“ Копришница 1928  
Црква „Св. Димитриј“ Драчевица 1858  
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ Барово 1868  
Црква „Св. Илија“ Вешје XIX век  
Црква „Св. Димитриј“ Вешје
Црква „Св. Никола“ Стрмашево 1885

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Повардарска епархија - Демиркаписка парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-08-24.
  2. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди

41°24′31″N 22°14′05″E / 41.40861° СГШ; 22.23472° ИГД / 41.40861; 22.23472