Валандовска Котлина

котлина во Македонија

Валандовската Котлина или Валандовско Полекотлина во Македонија со површина од 331 км2. Расположена е во Долното Повардарје и има значајна улога на сообраќајната врска во тој дел на Балканот. Покрај Вардарскиот пат (Via Axia), актуелната магистрала, низ неа во минатото минувал пат кој, преку Дојран, го поврзувал Егејскиот брег и преку Струмичкото поле и водел кон средното течение на Струма и натаму кон Сердика[1].

Поглед кон Валандовската Котлина

Местоположба

уреди
 
Поглед кон Валандовската Котлина

На север котлината ја затвораат планинските масиви на Кожуф и Градешка Планина, чии последни изданки ја формираат Демиркаписката Клисура. Источната страна ја врамуваат последните огранки на Беласица и Плавуш, преку чии проодни превои е поврзана со Струмичкото Поле. Од Дојранската област кон југоисток ја делат благи возвишенија каде се наоѓаат Казандол и Фурка. Реката Вардар ја формира западната географска граница на котлината, зад која се издига разбранетиот масив на Кожуф. Од исток кон запад рамницата ја сече реката Бојмица (Анска Река), која извира од западните планински огранки на Беласица и се влева во Вардар северозападно од најистурената јужна огранка на Погана - ридот Исар.

Клима

уреди

Во регионот владее изменета средоземна клима како последица на отвореноста кон југот. Всушност, Беласица се јавува како климатска граница помеѓу јужната средоземнаи умереноконтиненталната клима од север. Во исто време, Беласица се јавува како граница помеѓу северните предели каде растат листопадните шуми и јужните зимзелени нискостеблести грмушки, познати како прнари. Тука се одгледува тутун, памук, своевремено свилената буба. Градинарските култури се со добар квалитет, а големите плантажи лозја даваат висококвалитетно грозје. Во блиското минато тука се одгледувал афион со своите нуспроизводи. Ова растение, без сомнение, се одгледувало уште во антиката и како што е потврдено со археолошките ископувања, било нашироко употребувано.

Минерали

уреди

Валандовската Котлина располага со значително богати рудни ревири. Кај Казандол од дамнешни времиња е експлоатиран бакар. Рудниците на бакар кај Дедели се експлоатирани уште во раната антика. Кај Костурино лежат наслаги од железна руда. Рудниците кај Раброво се богати со бакарна и хромна руда. Во регионот на многу златоносни реки испирано е злато уште во антиката. Во ова веројатно предничи масивот на Кожуф каде се наоѓаат најбогатите рудни лежишта експлоатирани во антиката. Интересот за овие ревири трае и денес. Таму лежат наслаги на бакарна и оловно-сребрена руда, лежишта на злато, арсен, антимон и талиум, како и железно-никлена руда. Сигурни потврди дека овие руди се користени во антиката се сочувани во материјални докази. Исклучително голем број предмети од т.н. серии на „македонски бронзи" се откриени и сè уште се откриваат, во некрополите од постарото железно време во Долно Повардарје, но и на северните пајонски региони, кои од своја страна, претставуваат типично етничко-култно обележје на овие простори. Дека рудата е обработувана на самите населени места сведочат бројни дробилки за руда, откривани на наоѓалиштата во Повардарјето и во источна Македонија. Кој знае по кој пат се потврдува информацијата сочувана кај Страбон дека Пајонија е богата со злато.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. В. Картов, Валандово и Валандовско низ историјата, Скопје 1972