Црква „Св. Илија“ - Градешница
црква во селото Градешница
Свети Илија – манастирска црква на Бренскиот манастир.[1]
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Старавинска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°05′25.9″N 21°46′19.7″E / 41.090528° СГШ; 21.772139° ИГД |
Место | Градешница |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Архитектонски опис |
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со застаклен дрворез, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со празна застаклена дрвена рамка. Објектот е изграден од варовник и во целост е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата не е зографисана, со исклучок на иконостасот којшто наместо икони содржи фрески. На ѕидовите во храмот се закачени бројни икони. Во црквата има и мермерна плоча на којашто е запишан датумот на изградба и осветување на манастирскиот конак.
Галерија
уреди-
Главниот влез на црквата
-
Нишата со дрворез над главниот влез
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Мермерната плоча во црквата
-
Внатрешноста на црквата
Поврзано
уреди- Бренски манастир
- Црква „Св. Димитриј“ - Градешница
- Црква „Вознесение Христово“ - Градешница
- Црква „Св. Атанасиј“ - Градешница
- Црква „Св. Никола“ - Градешница
- Црква „Св. Антониј“ - Градешница
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градешница
- Градешница
- Преспанско-пелагониска епархија
- Битолско архијерејско намесништво
- Старавинска парохија
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 15. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Градешница на Ризницата ?