Воиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“
Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ — манастир во југоисточниот дел на Македонија, на падините на планината Смрдеш, во близина на селото Воиславци.
Новата манастирска црква | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Воиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“ |
Други имиња | Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Успение на Пресвета Богородица |
Епархија | Брегалничка |
Цркви | Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (стара) Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (нова) |
Личности | |
Место | |
Место | во близина на Воиславци, Општина Радовиш Македонија |
Координати | 41°35′10.2″N 22°27′10.3″E / 41.586167° СГШ; 22.452861° ИГД |
Видливи остатоци | две цркви, конак, трпезарии, споменик, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Ораовичко-воиславска парохија) |
Историја
уредиОд споменикот во дворот на манастирот се забележува дека во 1928 година биле откриени остатоци од стара црква. Денешниот манастир бил основан со изградбата на манастирската црква којашто започнала во 1968 година, а била осветена во 1980 година.[1]
Градби
уредиВо склоп на манастирот влегуваат две цркви, конак, трпезарии, споменик и помошни објекти.
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (стара)
уредиГрадбата на црквата има мали димензии и е со правоаголна основа, а влезот се наоѓа на западната страна до којашто е доградена мала отворена припрата.
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (нова)
уредиГрадбата на црквата е со правоаголна основа, полукружна апсида на источната страна и отворена припрата доградена на западната страна.
Галерија
уреди-
Влезната порта од дворот на манастирот
-
Конакот
-
Трпезариите
-
Споменикот
-
Помошниот објект
-
Старата манастирска црква
-
Новата манастирска црква
Наводи
уреди- ↑ „Ораовичко-воиславска парохија Архивирано на 2 јули 2022 г.“. Брегалничка епархија.
Надворешни врски
уреди- Воиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“ на Ризницата ?