Црква „Вознесение Христово“ - Свето Митрани
црква во Свето Митрани, Крушевско
Воезнесение Христово (позната и како Свети Спас) — црква во крушевското село Свето Митрани, претставник на Македонската преродба.[1]
Вознесение Христово
| |
Црквата (позади) со помошен објект | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Прва кривогаштанска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°19′17.5″N 21°18′20.9″E / 41.321528° СГШ; 21.305806° ИГД |
Место | Свето Митрани |
Општина | Крушево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Исус Христос |
Изградба | 1856 |
Осветување | 1856 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Стил | преродбенички |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена во средиштето на селото.[2]
Историја
уредиИзградена е врз темелите на постара црква (веројатно „Св. Марина“) и осветена во 1856 година од митрополитот Венедикт Византиски.[3] Под името Света Марина е спомената и при истражувањата на Јован Трифуноски во 1952 година.[2]
Архитектура
уредиПретставува еднокорабна градба со полукружна апсида на источната страна, поделена на пет слепи ниши.[3]
Фрескоживопис
уредиЖивописана е во XIX век од непознат зограф, а сигнатурите на фреските се на грчки поради тогашното врховенство на Цариградската патријаршија во селото.[3]
Галерија
уреди-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Црковни порти
-
Стари гробови
-
Помошниот објект
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Црква „Вознесение Христово", село Свето Митрани“. Old Prilep. Посетено на 24 декември 2021.
Надворешни врски
уреди- Црква „Вознесение Христово“ - Свето Митрани на Ризницата ?