Црква „Св. Димитриј“ - Груништа
Свети Димитриј – главна селска црква во селото Груништа.
Свети Димитриј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Старавинска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°03′20.7″N 21°41′42.3″E / 41.055750° СГШ; 21.695083° ИГД |
Место | Груништа |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Димитрија Солунски |
Завршено | 1860 1926 (обновена) |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на неколку стотина метри северно од селото, на возвишение коишто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1860, а била обновена во 1926 година. Познато е дека месното население на неколку наврати претходно се обидувало да ја изгради, но отоманските власти ја попречувале изградбата.[1]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на западната страна и над него има квадратна ниша со фреска на Свети Димитриј во лоша состојба. Објектот е граден од варовник и во целост е варосан, а покриен е со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и е изградена од камен. Во горниот дел од селските гробишта има над 50 гробови на српски војници кои загинале во текот на Првата светска војна, а низ селото исто така има уште десетина српски гробови со надгробни споменици. Во гробиштата е погребан и бугарскиот генерал Климент Џеров.[1]
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Јужната страна
-
Влезот
-
Нишата со фреска
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Црквата (десно) со камбанаријата (лево)
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Груништа Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Димитриј“ - Груништа на Ризницата ?