Винарска визба „Вила Марија“
Винарска визба „Вила Марија“ (или Винарска визба „Кралица Марија“) — винарска визба во самиот град Демир Капија, во рамките на поширокиот винарски регион Тиквеш, во југоисточниот дел на Македонија.
Вила Марија | |
---|---|
Местоположба | Маршал Тито бр. 63, Демир Капија, Македонија |
Координати | 41°24′51″N 22°14′00″E / 41.41417° СГШ; 22.23333° ИГД |
Винска област | Тиквеш |
Географско подрачје | Повардарие |
Основана | 1928 г. |
Други знаменитости | тури низ областа на Демир Капија |
Дистрибуција | национална |
Дегустација | отворено за јавност |
Мрежно место | wineryqueenmaria.com/mk/ |
Винаријата била подигната во 1928 година од страна на српскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ.
Историја
уредиВо 1928 година, српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ по сугестија на експерти од Франција и Австрија одлучил да изгради винарска визба и плантажи со винова лоза во Демир Капија. Проектот за овој имот му го дава на кралскиот архитект Александар Дероко. Кралот во 1928 година го откупил од турските бегови Усни-бег и Мемед-бег земјиштето со површина од 2700 хектари за 2000 лири. Златниците биле испратени преку конзулатот на Кралството Југославија од романскиот крал Фердинанд, кој ѝ ги подарил на својата ќерка Марија, сопругата на српскиот крал Александар.[1]
Потоа, кралскиот имот започнал веднаш да се гради, па така биле подигнати управни и станбени згради, простории за сместување на затворениците кои работеле на имотот, штала за крави, кокошарник, свињарник, работилници за поправка на машините, а на еден километар југозападно била изградена и современо ергеле за одгледување коњи од расата липицанер, а на 500 метри јужно од ергелето била изградена дворска воденица за мелење коцентрати, во чиј состав била монтирана централа за струја од 110 волти за осветлување на ергелето.[1]
Првобитно на имотот не е предвидена семејна вила, но по инсистирање на кралицата Марија во рамките на имотот започнало да се гради и вила. Вилата отпочнала со градба во 1931 година, а како подарок за вилата, работилницата за керамички производи од Вршац, Србија, подариле две каријатиди со висина од 2,80 метри. Каријатидите во 1941 година од страна на управникот на имотот биле закопани заради заштита од девастирање и грабеж. Во 1960-тите години при длабоко орање истите се пронајдени и поставени пред влезот во вилата.
Кралскиот имот е пуштен во употреба 1931 година, кога биле удрени темелите на црквата „Св. Богородица“. Кралот останал на овој имот до 8 март 1931 година по катастрофалниот земјотрес што го погодило Валандово. Забележано е дека кралицата Марија дошла на овој имот во 1934 година,[2] кога пристигнала со специјален воз.[1]
Во 2001 година на предлог на Звонимир Будимировиќ, советник на градоначалникот за култура и културно наследство, општинскиот совет на Демир Капија донел одлука имотот да се стави под заштита на Македонија како културно наследство. Врз основа на проектот на Заводот за заштта на спомениците на културата, објектот бил обновен и пуштен во употреба. Денес претставува една од најатрактивните понуди за винскиот туризам во општина Демир Капија и Македонија.[3]
Управа
уредиКралот Александар Караѓорѓевиќ за управник на имотот го поставил Милош Леовац од Белград, кој останал во Демир Капија до крајот на својот живот.[1]
Кралското семејство го оставило во наследство целиот имот на нивниот среден син Томислав, но за време на војната, во 1941 година Германците ги пренеле сите коњи липицанери од ергелето во Демир Капија во Германија.[1]
Имотот во Демир Капија бил кралски сѐ до 1947 година.[1]
Производство
уредиКапацитетот на визбата при нејзиното пуштање во употреба во 1931 година бил 150.000 литри вино, за чие производство се користеле четири стаклени базени од Австрија, а директно од Србија биле донесени дрвените бочви со капацитет од 4000 до 6000 литри.[1]
Објекти
уредиВо дворот на винарската визба може да се видат изложени стари машини, буриња, а низ облагородениот простор, каде некогаш било развиено големо стопанство, шетаат и пауни.[1]
Винарската визба располага со сопствен ресторан, вински бар, соба за дегустација и сместувачки капацитети.
Галерија
уреди-
Вина од „Вила Марија“
-
Паун низ дворот
-
Параклисот
-
Натпис на влезот
-
Старата зграда
-
Буриња со вино во визбата
-
Апсидата на параклисот
-
Стара направа за мелење грозје во дворот
-
Влезот во параклисот
-
Дегустационата сала
-
Новите објекти
-
Паун низ дворот
-
Старата зграда
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „Вистинската приказна за кралската винарија“. Винотика. 2016-04-15. Посетено на 2021-10-30.
- ↑ „WINERY – Royal Winery Queen Maria“. wineryqueenm.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-12-26. Посетено на 2017-11-21.
- ↑ „Вила Марија“. museumdk.mk. Посетено на 2017-11-21.
Надворешни врски
уреди- Винарска визба „Вила Марија“ на Ризницата ?
- Официјална страница Архивирано на 30 октомври 2021 г. (македонски)