ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Калаузлија

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Подрачно основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Калаузлија; скратено: ПОУ „Крсте Петков Мисирков“) — подрачно основно училиште во селото Калаузлија, составен дел на истоименото училиште во Радовиш.

Крсте Петков Мисирков

Поглед на подрачното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“
Поглед на подрачното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“
Место
Општина: Општина Радовиш
Наречено по: Крсте Петков Мисирков
Нас. место: Калаузлија
Адреса: с. Калаузлија
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: турски
Контактни информации

Училиштето е именувано по македонскиот јазичар Крсте Петков Мисирков.

Местоположба уреди

Училиштето се наоѓа во крајниот западен дел од селото, на возвишение коешто му дава доминантна положба во однос на остатокот на селото.

Историја уреди

Новиот објект на училиштето бил пуштен во употреба во декември 2021 година. Објектот бил изграден со средства обезбедени од страна на ТИКА и со поддршка од Општина Радовиш.[1]

Настава уреди

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.[2]

Наводи уреди

Координати: 41°40′06.5″N 22°29′25.4″E / 41.668472° СГШ; 22.490389° ИГД / 41.668472; 22.490389