Селечки манастир (Крушевско)
Селечки манастир (познат како Манастир „Св. Преображение“) — манастир во јужниот дел на Македонија, во близина на селото Селце и на градот Крушево.[1]
Поглед на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Селечки манастир |
Други имиња | Манастир „Свето Преображение“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Исус Христос |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | Црква „Св. Преображение“ |
Личности | |
Место | |
Место | Селце, Општина Крушево Македонија |
Координати | 41°24′28″N 21°13′14″E / 41.40778° СГШ; 21.22056° ИГД |
Видливи остатоци | една црква, конак, чешма, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Втора крушевска парохија) |
Манастирот се сметал дека бил втор дом на познатиот македонски пејач Тоше Проески.[2]
Во непосредна близина на манастирот е Крушевскиот крст, чија изградба исто така била замисла на Тоше Проески. Крстот бил подигнат во 2010 година.
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа на граница на атарите на селата Селце и Арилево, во близина на градот Крушево.[3]
Историја
уредиМанастирот бил срушен во текот на XIX век, а до 1950-тите години од него се познавале само остатоци на ѕидови.[3]
Истиот започнал да се возобновува од 1986 година.[4]
Градби
уредиВо склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма и помошни објекти.
Црква „Св. Преображение“
уредиЦрквата е единствениот храм во манастирот.
Галерија
уреди-
Влезната порта
-
Манастирската црква
-
Конакот
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Манастир Свето Преображение |КРУШЕВО“. krusevo.mk. 2018-03-25. Посетено на 2021-12-28.
- ↑ 3,0 3,1 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ „Духовниот дом на Тоше Проески: Манастирот „Св. Преображение" денес празнува“. Женски Магазин (англиски). Посетено на 2021-12-28.
Надворешни врски
уреди- Селечки манастир (Крушевско) на Ризницата ?