Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина (стара)
Свети Атанасиј – манастирска црква на Старавинскиот манастир.[1]
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Старавинска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°05′09.4″N 21°43′08.3″E / 41.085944° СГШ; 21.718972° ИГД |
Место | Старавина |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Атанасиј Александриски |
Завршено | 1860 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1860 година.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна до којашто е доградена отворена припрата. Над влезот на црквата има ниша со застаклена фреска на Свети Атанасиј. На ѕидовите во припратата има врамени слики на коишто се прикажани: Преображението Христово, Свети Атанасиј, Богородица со Исус и Исус. Објектот е обоен во бела боја со ниско кафеаво цокле, а покриен е со кров од ќерамиди.
Внатрешноста на црквата не е зографисана, но е богата со бројни икони. Ѕидовите се обоени во сина боја со сиво цокле, а во нивните горни делови се закачени петокраки ѕвезди, што ја симболизира небесната шир. Иконостасот содржи еден ред икони над ѓаконските порти и царските двери. Лево од царските двери се прикажани Архангел Михаил и Богородица со Исус, додека од десната страна се Исус и Свети Јован Крстител. Во горниот ред икони од лево кон десно се претставени: Свети Ѓорѓи, Света Недела, Свети Антониј, Свети Лука, Свети Никола, Богородица Марија, Исус Христос, Свети Јован Крстител, Свети Петар, Свети Илија, Света Петка, Свети Василиј и Свети Димитриј. Во црквата има се наоѓа и дрворез на којшто е прикажан Свети Ѓорѓи како ја убива ламјата.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Припратата
-
Главниот влез
-
Апсидата
-
Внатрешноста
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 15. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Старавина, Мариово – откријте ја приказната за Калеш Анѓа“. Оф Роуд - Македонија.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина (стара) на Ризницата ?