Горна црква
Свети Архангел Михаил, попозната како Горна црква – црква во селото Старавина.[1]
Свети Архангел Михаил
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Старавинска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°05′14.7″N 21°44′03.1″E / 41.087417° СГШ; 21.734194° ИГД |
Место | Старавина |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Архангел Михаил |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на влезот на селото, непосредно од десната страна на патот.
Историја
уредиСпоред кажувањата на месното население, црквата била градена од страна на српската власт по Првата светска војна со намера нејзиниот подрум да послужи како костурница за загинатите српски војници во овој дел од Македонскиот фронт. Меѓутоа, црквата никогаш не била довршена затоа што не била прифатена од месното население.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата денес е откриена и запуштена. Таа има правоаголна основа со голема полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна. На јужната страна има три слепи ниши, а една слепа ниша има и на апсидата. Објектот е граден од камен.
Во непосредна близина на црквата се видливи бункери како остатоци од фронтовската линија којашто се протегала низ селото за време на Првата светска војна.[2]
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Апсидата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 15. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Старавина, Мариово – откријте ја приказната за Калеш Анѓа“. Оф Роуд - Македонија.
Надворешни врски
уреди- Горна црква на Ризницата ?