Црква „Св. Антониј“ - Градешница
Свети Антониј – црква во селото Градешница.
Свети Антониј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Старавинска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°05′00.4″N 21°46′12.5″E / 41.083444° СГШ; 21.770139° ИГД |
Место | Градешница |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Антониј Велики |
Завршено | 1980-ти |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во пошумен предел на околу стотина метри источно од селото.
Историја
уредиБранислав Ристески од Институтот за старословенска култура во Прилеп во склоп на опсежни археолошки истражувања во периодот од 1990 до 1998 година открил дека на местото на коешто се наоѓаат денешните цркви „Св. Антониј“, „Св. Ѓорѓи“ и „Вознесение Христово“ од средината на II до крајот на III век постоел комплекс на римски вили. Местото на коешто денес се наоѓа црквата „Св. Антониј“ се користел за престој и бил наменет за уживање.[1] Црквата настанала откако вилата којашто се наоѓала на нејзиното место во IV век била претворена во ранохристијански храм, а остатоците се забележителни и денес. Во денешниот облик, црквата била изградена во текот на 1980-тите.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е со правоаголна основа без апсида. Влезот се наоѓа на западната страна и во црквата се влегува преку дрвена врата. Десно од влезната врата има натпис на грчки јазик. Внарешноста на црквата не е зогафисана и во неа има бројни икони.
Во дворот на црквата, непосредно пред влезот има надгробен споменик.
Галерија
уреди-
Влезот на црквата
-
Натписот до влезот
-
Внатрешноста
-
Надгробниот споменик
Поврзано
уреди- Бренски манастир
- Црква „Св. Илија“ - Градешница
- Црква „Св. Димитриј“ - Градешница
- Црква „Св. Атанасиј“ - Градешница
- Црква „Св. Никола“ - Градешница
- Црква „Вознесение Христово“ - Градешница
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градешница
- Градешница
- Преспанско-пелагониска епархија
- Битолско архијерејско намесништво
- Старавинска парохија
Наводи
уреди- ↑ „Св. Ѓорѓи, с. Градешница (Church St. Gjorgi, v. Gradesnica) Архивирано на 18 октомври 2021 г.“. Итар Пејо.
- ↑ „Градешница Архивирано на 5 октомври 2021 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Антониј“ - Градешница на Ризницата ?