Славко Лумбарковски

македонски партизан

Славко Танев Лумбарковски (Битола, 30 март 19221 септември 1944) — македонски партизан и деец на Народноослободителната борба во Вардарска Македонија.[1]

Славко Лумбарковски
Роден 27 октомври 1920
Битола
Починал 1 септември 1944(1944-09-01) (возр. 22)

Животопис

уреди

Роден е на 30 март 1922 година во Битола. Завршил училиште во родниот град, потоа заминал во Белград да ги продолжи студиите. Подоцна се запишал на Земјоделскиот факултет во Земун. Влегува во НОВМ. Починал на 1 септември 1944 година како заменик политички комесар на Првата македонско-косовска ударна бригада.[2]

Чествување

уреди

Во негова чест е именувано основното училиште во селото Новаци со подрачни училишта во околните села Агларци, Бач, Гермијан, Далбеговци, Добромири, Живојно, Рапеш и Рибарци.[3]

Исто така една улица во Битола, улица што ги спојува ул. Цар Самоил со ул. Св. Кирил и Методиј, го носи неговото име.[4]

Наводи

уреди
  1. Загинати во Народноослободителната и Антифашистичка војна на Македонија од 1941 до 1945 година, стр 2, Архивирано од изворникот на 2013-12-25, Посетено на 2021-02-09
  2. Сојуз на борци од НОАВМ Битола, Архивирано од изворникот на 2014-05-08, Посетено на 2011-01-05
  3. Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 7.
  4. Славко Лумбарко на Гугл мапи