Црква „Св. Никола“ - Мегленци
Свети Никола – главна селска црква во селото Мегленци.[1]
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Новачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°04′51.2″N 21°31′36.9″E / 41.080889° СГШ; 21.526917° ИГД |
Место | Мегленци |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Завршено | 1880 1926 (обновена) |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во средишниот дел од селото, непосредно од левата страна на патот.
Историја
уредиХрамот бил изграден во 1880, по што била срушен во 1918, а бил обновен со името „Св. Воскресение“ во 1926 година.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со осумаголна купола којашто има по една монофора на секоја страна и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е насликан Свети Никола, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот е граден од камен и е покриен со кров од ќерамиди.
Дворот на црквата е ограден со бетонска ограда и во него се сместени камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е граден од камен, а горниот од бетонски тули. На секоја страна во горниот дел има по една отворена монофора. Камбанаријата е покриена со лимен пирамидален кров.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Главниот влез
-
Нишата над главниот влез
-
Споредниот влез
-
Куполата
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Источната страна на камбанаријата
-
Црквата (лево) со камбанаријата (десно)
-
Помошниот објект
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Мегленци Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Мегленци на Ризницата ?