Црква „Св. Илија“ - Покрајчево
манастирска црква на Покрајчевскиот манастир
Свети Илија — манастирска црква на Покрајчевскиот манастир.
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Радовишко |
Парохија | Подарешка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°34′37.7″N 22°34′47.6″E / 41.577139° СГШ; 22.579889° ИГД |
Место | Покрајчево |
Општина | Радовиш |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | крстокуполен храм |
Архитектура
уредиГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Главниот влез се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена припрата, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја, а на ѕидовите од куполата се забележливи тули. Црквата во целост е покриена со кров од ќерамиди. Внатрешноста на храмот не е зографисана и во неа има празен дрвен иконостас на коишто се закачени помали икони. Најголема и највпечатлива е иконата на Свети Илија пред царските двери.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Куполата
-
Апсидата
-
Внатрешноста
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Покрајчево на Ризницата ?