Бучински манастир
Бучински манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, во близина на селото Бучин.[1]
Поглед на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Бучински манастир |
Други имиња | Манастир „Свети Ѓорѓи“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Свети Ѓорѓи |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | Црква „Св. Ѓорѓи“ |
Личности | |
Место | |
Место | Бучин, Општина Крушево Македонија |
Координати | 41°16′29″N 21°17′33″E / 41.27472° СГШ; 21.29250° ИГД |
Видливи остатоци | една црква, конак, чешма, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Бучинска парохија) |
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа во месноста Манастириште, сместен 2 километри северозападно од селото, на една падина. Покрај манастирот се наоѓала чешмата Јанкоец.[2] До него може да се дојде по земјен пат, кој е во добра состојба.
Историја
уредиСеќавањата на мештаните се дека манастирот првично бил подигнат кон крајот на XVIII век, но трипати бил пален од турскиот аскер и исто толку пати бил повторно обновуван. Последниот пат бил запален до темел.[3]
Манастирот бил обновен на иницијатива на дедо Јонче Мишески врз изгорени темели, обраснати со трева и капини. Дедо Јонче на сон го видел местото каде порано имало манастир, а потоа во 1980-тите години ја иницирал повторната градба на манастирот, за кој собирал пари за изградба по околните села.[3]
Во мај 2021 година дел од покривот на манастирската црква бил украден, а воедно биле искршени сите врати од конаците.[4]
Градби
уредиВо склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма и помошни објекти.
Црква „Св. Ѓорѓи“
уредиЦрквата е единствениот храм во манастирот.
Галерија
уреди-
Влезната порта
-
Манастирската црква
-
Конакот
-
Конакот
-
Споменик на Јонче Мишески
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ 3,0 3,1 „Слеп дедо собирал пари за манастир: Денеска храмот Св. Георгиј во Бучин ја краси цела Пелагонија“. Маркукуле. 2019-06-16. Посетено на 2021-12-17.
- ↑ „Украден дел од покpивот и разбиени сите врати од конакот од манастирот Св. Вмч. Георгиј во село Бучин“. ИНФО КОМПАС. Посетено на 2021-12-17.
Надворешни врски
уреди- Бучински манастир на Ризницата ?