Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градешница
Свети Ѓорѓи – гробјанска црква во селото Градешница.
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Старавинска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°04′59.2″N 21°46′03.2″E / 41.083111° СГШ; 21.767556° ИГД |
Место | Градешница |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Георги |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во источниот дел од селото.
Историја
уредиБранислав Ристески од Институтот за старословенска култура во Прилеп во склоп на опсежни археолошки истражувања во периодот од 1990 до 1998 година открил дека на местото на коешто се наоѓаат денешните цркви „Св. Антониј“, „Св. Ѓорѓи“ и „Св. Спас“ од средината на II до крајот на III век постоел комплекс на римски вили. Местото на коешто денес се наоѓа црквата „Св. Ѓорѓи“ постоеле простории наменети за престој и производство.[1] Од керамиката украсена со спирали којашто е вградена во фасадата на црквата се заклучува дека во селото Градешница има континуитет на живеење од праисториско време.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е со правоаголна основа без апсида. Влезот се наоѓа на западната страна и во црквата се влегува преку дрвена врата. Десно од влезната врата, во самиот ѕид е вградена керамика којашто е украсена со спирали. Внатрешноста на црквата не е зографисана и во неа се наоѓаат бројни икони. Објектот е изграден од камен и од тули, а покриен е со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата има помошен објект и гробишта.
Галерија
уреди-
Гробови во дворот на црквата
-
Западната страна
-
Источната страна
-
Внатрешноста на црквата
-
Помошниот објект
-
Гробови во дворот на црквата
-
Гробови во тремот на помошниот објект
Поврзано
уреди- Бренски манастир
- Црква „Св. Илија“ - Градешница
- Црква „Св. Димитриј“ - Градешница
- Црква „Св. Атанасиј“ - Градешница
- Црква „Св. Никола“ - Градешница
- Црква „Вознесение Христово“ - Градешница
- Црква „Св. Антониј“ - Градешница
- Градешница
- Преспанско-пелагониска епархија
- Битолско архијерејско намесништво
- Старавинска парохија
Наводи
уреди- ↑ „Св. Ѓорѓи, с. Градешница (Church St. Gjorgi, v. Gradesnica) Архивирано на 18 октомври 2021 г.“. Итар Пејо.
- ↑ „Градешница[мртва врска]. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градешница на Ризницата ?