Википедија:Викиекспедиции

„Викиекспедиции“
Кратенки:
ВП:ЕКСПЕДИЦИИ

Викиекспедиции — проект на Википедија на македонски јазик, спроведуван од здружението на граѓани Споделено знаење во периодот 2015-2023 и од здружението на граѓани Викимедија МКД од 2024 година.

Проектот има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии за градовите, селата, географските области и особености во областите низ целата територија на Македонија на македонски јазик од страна на активните корисници и уредувачи, како и самите членови на здружението.

Критериуми за избор на област

уреди

Областите што се опфатени со проектот се избрани врз основа на два критериума:

  • број на статии на Википедија на македонски јазик на теми поврзани со областа;
  • број на различни фотографии на Ризницата на теми поврзани со областа.

Список на викиекспедиции

уреди

Во текот на 2015 година биле организирани вкупно шест експедиции со кои биле опфатени следните области:

  1. Неготино со околината;
  2. Кратово со околината;
  3. Мариово;
  4. Мијачија;
  5. Општина Ранковце; и
  6. Општина Градско.

Во текот на 2016 година биле организирани шест експедиции од вкупно планирани шест експедиции со кои биле опфатени следниве области:

  1. Лакавичко;
  2. Железник;
  3. Дебрца;
  4. Преспа;
  5. Злетовско-пробиштипско; и
  6. Малешевија.

Во текот на 2017 година биле организирани пет викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:

  1. Козјачија и Средорек;
  2. Бојмија;
  3. Порече;
  4. Рекански регион; и
  5. Општина Кавадарци.

Иако на почетокот биле планирани шест експедиции, на крајот биле спроведени пет експедиции, додека експедицијата за областа Пијанец била преместена за спроведување во 2018 година.

Во текот на 2018 година биле организирани пет викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:

  1. Пијанец;
  2. Азот;
  3. Дримкол;
  4. Копачка; и
  5. Раец.

Во текот на 2019 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:

  1. Славиште;
  2. Општина Могила;
  3. Охридско; и
  4. Општина Долнени.

Во текот на 2020 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:

  1. Кичава и Рабетинкол;
  2. Осоговија;
  3. Плачковица и долина на Брегалница; и
  4. Овче Поле.

Во текот на 2021 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:

  1. Повардарие;
  2. Прилепско Мариово;
  3. Бушева Планина и Прилепско Поле; и
  4. Јуруклак и Радовишко Поле.

Во текот на 2022 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:

  1. Осоговски Планини и Манговица;
  2. Дебарско (Општина Дебар и Општина Центар Жупа);
  3. Горни Полог; и
  4. Кумановско.

Во текот на 2023 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:

  1. Јужна Македонија (Дојранско и Валандовско);
  2. Битолско Поле и Баба;
  3. Кочанско Поле; и
  4. Тиквеш.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди