Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пресил
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во крушевското село Пресил, Македонија.[1][2]
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Крушевско-демирхисарска |
Парохија | Бучинска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°17′38″N 21°18′39″E / 41.29389° СГШ; 21.31083° ИГД |
Место | Пресил |
Општина | Крушево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Архитектонски опис |
Црквата се наоѓа на мало возвишение над селото во рамки на археолошкото наоѓалиште „Св. Богородица“.
Местоположба
уредиЦрквата е сместена во јужниот дел на селото Пресил, на мало возвишение.[3]
Историја
уредиЦрквата е подигната на темелите на постарата истоимена црква, која тука постоела, кога во селото живеело само македонско население.[4]
Во 1961 година биле вршени археолошки истражувања на археолошкото наоѓалиште „Св. Богородица“, при што се најдени остатоци од црква од типот на впишан крст, веројатно од XIV век, која лежи врз постари темели. Под подот на црквата и околу неа се ископани 21 гроб, оградени и покриени со камени плочи. Најдените материјали потекнуваат од средниот век до XIX век, до кога се вршело погребување на овој терен.[5]
Галерија
уреди-
Апсидата
-
Поглед на црквата
-
Камбанаријата
-
Споредниот влез
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Бучинска парохија“. Преспанско-пелагониска епархија. Посетено на 24 декември 2021.
- ↑ Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 203. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Свети“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1325. Text "series " ignored (help)
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пресил на Ризницата ?