Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Воиславци (нова)

манастирска црква на Воиславскиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“

Успение на Пресвета Богородица — манастирска црква на Воиславскиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“.

Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Радовишко
Парохија Ораовичко-воиславска
Местоположба

Карта

Координати 41°35′10.1″N 22°27′10.8″E / 41.586139° СГШ; 22.453000° ИГД / 41.586139; 22.453000
Место Воиславци
Општина Радовиш
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Изградба 1968
Архитектонски опис

Историја

уреди

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен во 1968 година од страна на Митрополитот Злетовско-струмички г. Наум. Црквата била осветенаво 1980 година од страна на Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички Горазд.[1]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна до којашто е доградена припрата, а над него има ниша со фреска на којашто е претставена Богородица со Исус. Црквата има и споредни влезови на јужната и северната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со лимен кров. Внатрешноста на храмот не е живописана, а иконите биле изработени од зографот Дончо од Секирник во 1975 година.[1]

Непосредно до североисточниот агол од црквата се издига камбанаријата којашто над постаментот е отворена од сите страни.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди