Камен мост (Зовиќ)

мост на Градешка Река

Камени мост — камен лачен мост кој ја премостува Градешка Река во непосредна близина на селото Зовиќ. Тој бил изграден заради поврзување на населението со населените територии од другата страна на реката, односно со селата: Старавина, Градешница, Бешиште и Полчиште.[2] Се смета за едно од најубавите архитектонски зданија во Мариово.[3]

Камен мост
Поглед на мостот
Координати41°07′07.5″N 21°43′02.3″E / 41.118750° СГШ; 21.717306° ИГД / 41.118750; 21.717306
ПреминуваГрадешка Река
МестоЗовиќ
Официјален називКамен мост во Зовиќ
Други називиЗовички мост[1], Мостот во Зовиќ, Филмски мост
Особености
Видлачен мост
Местоположба
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found

Историја

уреди

Во средниот век, на местото на денешниот камен мост веројатно постоел дрвен мост. Во 1952 година, некој селанец со претоварена воловска кола поминувал преку мостот, кој се преполовил, а селанецот и воловите паднале во реката и тој се здобил со трајни повреди на ‘рбетот. Тогаш селаните одлучиле да се изгради нов мост и со здружени заложби на месното население, камениот мост бил изграден во 1955/6 година, а мајстор бил извесен Ѓуладин (Џуладин), со потекло од селото Лабуништа, потпомогнат од Трајко Секирков.[3][4] Во 2014 година, мостот бил поправен и обновен од страна на Општина Новаци.[5]

Архитектура

уреди

Мостот е лачен и е приспособен на теренот. Граден е од камен, односно делкани и приделкани камени блокови.[5]

Фреска на Свети Ѓорѓи

уреди

Во непосрсдна близина на мостот, на една висока карпа, е насликан Свети Ѓорѓи, што претставува остаток од црква којашто во минатото се наоѓала на тоа место. Живописот потекнува од 1925 година, што е испишано заедно со имињата на дарителите, а бил обновен во 2006 година од страна на НУ Завод и музеј Битола.[6]

Воденица

уреди

Во долниот дел од мостот, непосредно покрај Градешка Река се наоѓа воденица којашто населението ја користело за мелење житарици. Воденицата е изградена од камен и била покриена со камени плочи коишто подоцна биле заменети со лимен покрив.[6]

Мостот во уметноста

уреди

Мостот бил побуда за македонскиот Милчо Манчевски да сними дел од филмот „Прашина“, па поради тоа мостот е познат и како „Филмски мост“.[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Талеска, Моника (Мариовските убавини на Зовиќ и Старавина). „Мариовските убавини на Зовиќ и Старавина“. Утрински Весник. Посетено на 2012-05-06. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  2. „Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 29.
  3. 3,0 3,1 3,2 Зович Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
  4. „Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 30-31.
  5. 5,0 5,1 Камен мост во село Зовиќ“. Општина Новаци.
  6. 6,0 6,1 „Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 31.

Надворешни врски

уреди