Бела Река (Ниџева)
река во Македонија
За други значења на поимот, погл. Бела Река (појаснување).
Бела Река или Белица — река во Јужна Македонија и десна притока на Црна Река.
Бела Река | |
---|---|
Течението на реката | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Ниџе (месност Бело Гротло) |
• надм. вис. | 1.610 м |
Устие | |
• место | Црна Река |
• координати | 41°01′20″N 21°40′39.2″E / 41.02222° СГШ; 21.677556° ИГД |
• надм. вис. | 500 м |
Должина | 16 км |
Големина на сливот | 119 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Црна Река → Вардар → Егејско Море |
Притоки | |
• леви | Трновчица |
Течение
уредиРеката извира во месноста Бело Гротло на планината Ниџе, на надморска височина од 1.610 м, а во Црна Река се влева на надморска височина од 500 м. Течението на реката е во правец северозапад до селото Будимирци, а потоа го менува правецот во југозапад сè до вливот во Црна Река. Нејзината долина е клисуреста, а на места има кањонски изглед.[1][2]
Хидрографија
уредиВкупната должина на реката изнесува 16 км. Сливното подрачје зафаќа површина од 119 км2 и припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1.610 м, а нејзиниот влив е на надморска височина од 500 м, така што релативниот пад изнесува 69,4‰.[1]
Галерија
уреди-
Течението на реката
-
Вливот на Трновчица во Бела Река
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Риболовна основа за риболовна вода „Слив на Црна Река" за период 2016-2022“ (PDF). Скопје: Институт за сточарсво. стр. 7. Посетено на 5 октомври 2021.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 10. ISBN 978-9989-2117-6-8.