Црква „Св. Петка“ - Милетково
Света Петка
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Миравска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°17′01″N 22°27′38″E / 41.28361° СГШ; 22.46056° ИГДКоординати: 41°17′01″N 22°27′38″E / 41.28361° СГШ; 22.46056° ИГД |
Место | Милетково |
Општина | Гевгелија |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка |
Изградба | 1860 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Света Петка — главна селска црква во гевгелиското село Милетково, Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа во самото село, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
МестоположбаУреди
Црквата се наоѓа во самото село, во непосредна близина на основното училиште.
ИсторијаУреди
Црквата била стара, изградена пред 1860 година. Сепак, првичната црква била опожарена и изгорела за време на Првата светска војна. Откако завршила војната црквата била обновена, но во 1931 година била повторно разурната од катастрофален земјотрес. Во 1932 година вторпат била обновена.[2]
АрхитектураУреди
Според својот архитектонски облик, црквата е трикорабна со полукружна олтарна апсида на источниот ѕид (од надвор). Покривот на црквата е на две води. Храмот бил изграден од обичен камен. На јужната и на западната страна има отворен трем. Главниот влез во храмот е од јужната, а споредниот влез е од западната страна.[2]
ФрескоживописУреди
Црквата не поседува фрескоживопис.[2]
ИконостасУреди
Црквата поседува иконостас со икони од поново време. Некои од нив потекнуваат во 1932 година, кога всушност по вторпат се обновила црквата.[2]
ГалеријаУреди
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Повардарска епархија - Миравска парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-10-08.
Надворешни врскиУреди
- Црква „Св. Петка“ - Милетково на Ризницата ?