Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Давидово
Рождеството на Пресвета Богородица — главна селска црква во гевгелиското село Давидово, Македонија.[1][2]
Рождество на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Миравска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°8′26″N 22°32′52″E / 41.14056° СГШ; 22.54778° ИГД |
Место | Давидово |
Општина | Гевгелија |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Пресвета Богородица |
Изградба | 1860 |
Зограф | Јордан Доневски во 1991 (второ зографисување) |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Црквата се наоѓа на работ од селото, на крајот од последните куќи.
Местоположба
уредиЦрквата е подигната на зарамнето стрмно каменесто место.[2]
Историја
уредиЦрквата била подигната пред 1860 година од страна на неимарот Андон Китанов. Денешната градба на црвата потекнува од 1926 година, кога старата црква била обновена.[2]
Архитектура
уредиСпоред својот архитектонски облик, црквата е трикорабна со рамни дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. Покривната конструкција е на две води, која во наосот е потпрена на шест колони во два реда, по три столбови на јужната и на северната страна со капители. Сводовите на трите кораби се обновени во 1991 година. Црквата е изградена од обичен камен.[2]
Фрескоживопис
уредиЦрквата поседува фрескоживопис. Тој бил обновен во олтарната апсида, од страна на зографот Јордан Доневски од село Гари, Дебарско, во 1991 година.[2]
Иконостас
уредиЦрквата поседува иконостас изработен во 1926 година, а иконите во него, според стилските одлики се од XIX век.[2]
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Поглед на црквата
-
Помошен објект
-
Чешма
-
Камбанаријата
-
Влезната порта
-
Тремот
-
Споредниот влез
-
Главниот влез
-
Ниша со фреска над влезот
-
Апсидата
-
Помошен објект
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Повардарска епархија - Миравска парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-10-06.
Надворешни врски
уреди- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Давидово на Ризницата ?