Црква „Св. Ѓорѓи“ - Бучин

црква во селото Бучин, Македонија

Свети Ѓорѓи — манастирска црква на Бучинскиот манастир во крушевското село Бучин, Македонија.[1][2]

Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Крушевско-демирхисарска
Парохија Бучинска
Местоположба

Карта

Координати 41°16′28″N 21°17′31″E / 41.27444° СГШ; 21.29194° ИГД / 41.27444; 21.29194
Место Бучин
Општина Крушево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Архитектонски опис

Црквата е сместена северозападно од селото Бучин, помеѓу двата железнички тунела на неактивната линија Бакарно Гумно-Сопотница, до која води земјен пат.

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа во месноста Манастириште, сместена 2 километри северозападно од селото, на една падина. Покрај манастирот се наоѓала чешмата Јанкоец.[3]

Историја

уреди

Податоците од мештаните говорат дека црквата била подигната кон крајот на XVIII век, но трипати била палена од турскиот аскер. Иако била исто толку пати обновувана, последниот изгорела до темел и останала така. Дури во 1980-тите години на иницијатива на дедо Јонче Мишески била обновена црквата на изгорените темели, обраснати со трева и капини.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 „Бучинска парохија“. Преспанско-пелагониска епархија. Посетено на 17 декември 2021. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:1“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  3. Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.

Надворешни врски

уреди