Папа Јулиј III
Јулиј III (лат. Iulius PP. III; 10 септември 1487 - 23 март 1555) — римски папа од 7 февруари 1550 до 23 март 1555[1]. Бил назнанчен за кардинал, а и за претседател на Тридентскиот собор од страна на папата Павле III. Почетокот на неговото папство не се одликувало со спроведување на реформи. Тој ја обновил традицијата за празнување на празниците и одржување на карневали во Рим. Ги назначил за кардинали, не само оние кои му биле роднини, туку и оние кои му служеле. Во 1551, сакал да го возобнови заседанието на Тридентскиот собор. Водел политика да го воведе католицизмот во Англија, но сето тоа завршило без успех. Во 1551, капелмајстор во папскиот двор станал композиторот Џовани Перлуиџи Палестрина (1525-1594), познат претставник од периодот на ренесансата.
Iulius III | |
---|---|
Родено име | Џовани Марија Чоки дел Монте |
Папа од | 7 февруари 1550 |
Папа до | 23 март 1555 |
Претходник | Папа Павле III |
Наследник | Папа Марцел II |
Роден | 10 септември 1487 Рим |
Починал | 23 март 1555 ? |
Други папи по име Јулиј (појаснување) |
Наводи
уредиОваа биографска статија папа е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |