Лав X (латински: Leo PP. X, роден на 11 декември 1475 во Фиренца - починал на 1 декември 1521 во Рим) — римски папа од 11 март 1513 до 1 декември 1521[1]. Тој бил втор син на Лоренцо де Медичи. Учел во дворот на сојот татко во Фиренца и на универзитетот во Пиза.

Leo X
Ракоположен11 март 1513
Службата завршила1 декември 1521
ПретходникПапа Јулиј II
НаследникПапа Адријан VI
Лични податоци
Световно имеЏовани Медичи
Роден11 декември 1475
Починал1 декември 1521
Други папи наречени Лав (појаснување)

Во 1492 година бил назначен за кардинал, а во 1494 година бил протеран од Фиренца, поради револтот на Џироламо Савонароли. Во 1500 г. се вратил и набрзо воспоставил власт на Медичи во градот. Како папа, бил покровител на уметноста и ја забрзал изградбата на базиликата Свети Петар. Ја зацврстил политичката моќ на папата во Европа, но поради неговото трошење го загубил богатството. Ги обесхрбрувал реформите на Петтиот Латерански собор, а реагирал несоодветно на реформацијата, ексомуницирајќи го Мартин Лутер во 1521 година и не можејќи да одговори на потребата за промени, пропуст што го најавил крајот на обединетата Западна црква.

Наводи

уреди