Папа Инокентиј VIII

Инокентиј VIII (лат. Innocentius PP. VIII; 1432? - 25 јули 1492) — римски папа од 9 август 1484 до 25 јули 1492[1]. Бил член на семејството чибо кое било во сродство со благородничкото џеновско семејство Дорија. Се школувал во Падова и Рим. Папата Павле II го назначил за епископ на Савон, а потоа и во кардинал. Бил избран за папа со помош на семејството дела Ровере.

Innocentius VIII
Ракоположен9 август 1484
Службата завршила25 јули 1492
ПретходникПапа Сикст IV
НаследникПапа Александар VI
Лични податоци
Световно имеЏамбатиста Чибо
Роден1432?
Починал25 јули 1492
Други папи наречени Инокентиј (појаснување)

Имал слично папство како и неговиот претходник. Се стремел да ја добие поддршката од благородничкото семејство Медичи, па својот син го оженил со ќерката на Лоренцо Медичи. Тој го назначил 14-годишниот син на Лоренцо Медичи за кардинал.

Во 1484, издал була, која причинила многу крвави дејства меѓу Христијаните во Европа.

Папата Инокентиј VIII наредил да се изгради дворецот Белведер.

Наводи

уреди