Папа Захариј
Захариј (лат. Zacharias PP.; ? - 22 март 752) — римски папа од 10 декември 741 до 22 март 752[1]. Тој се допишувал со Св.Бонифациј, мисионер во Германија. Пипин Малиот му испратил писмо, во кое го прашувал, дали е правилно со државата да владее некој кој нема сила, или тоа да го прави некој кој ја има власта в раце. На тоа, папата Захариј mу одговорил, дека да управува е должен оној кој има сила. Со тоа, тој дал согласност за симнување од престолот на последниот меровински крал и поставување на Пипин III на негово место.
Zacharias | |
---|---|
Родено име | Захариј |
Папа од | 10 декември 741 |
Папа до | 22 март 752 |
Претходник | Папа Григориј III |
Наследник | Папа Стефан II |
Роден | ? Калабрија |
Починал | 22 март 752 ? |
Други папи по име Захариј |
Наводи
уредиОваа биографска статија папа е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |