Папа Инокентиј IV
Инокентиј IV (лат. Innocentius PP. IV; околу 1195 - 7 декември 1254) — римски папа од 25 јуни 1243 до 7 декември 1254[1]. Од 1218 зазземал висока функција во римската курија. Откако станал папа, целосно се посветил против Фридрих II Хохенштауфен. Тој водел борба како дипломат, а и со помош на своите записи.
Инокентиј IV | |
---|---|
Родено име | Синибалдо Фиески |
Папа од | 25 јуни 1243 |
Папа до | 7 декември 1254 |
Претходник | Папа Целестин IV |
Наследник | Папа Александар IV |
Роден | околу 1195 Манарола, Италија |
Починал | 7 декември 1254 Неапол |
Други папи по име Инокентиј (појаснување) |
Во 1245, Инокентиј издал була со која повикал монголскиот владетел да стане Христијанин и да престане со својата агресија над Европа. Во 1246, канот Гујук испратил писмо , кое денес се наоѓа во ватиканската библиотека, со кое побарал покорност од страна на папата и останатите владетели во Европа.[2]
Наводи
уреди- ↑ Сите папи досега: целосен список на The Guardian
- ↑ Дејвид Вилкинсон, Изучување на историјата на меѓуцивилизациските дијалози [1]
Оваа биографска статија папа е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |