Пиј VIII (лат. Pius PP. VIII; 20 ноември 1761 - 30 ноември 1830) — римски папа од 31 март 1829 до 30 ноември 1830[1]. Бил назначен за епископ на Монталто од страна на папата Пиј VII. Наполеон наредил да биде уапсен во Мантова. Во 1816, станал кардинал и епископ на Чезена, а во 1821 и епископ на Фраскати. Кога бил избран за папа, бил тешко болен. Работел како и неговите претходници. Ја издал енцикликата, која ги осудувала тајните револуционерни организации во Италија наречени Карбонари.

Pius VIII
Ракоположен31 март 1829
Службата завршила30 ноември 1830
ПретходникПапа Лав XII
НаследникПапа Григориј XVI
Лични податоци
Световно имегроф Франческо Саверио Кастиљони
Роден20 ноември 1761
Починал30 ноември 1830
Други папи наречени Пиј (појаснување)

Наводи

уреди