Папа Марко

римски папа

Марко (Marcus) — римски папа во периодот од 18 јануари 336 до 7 октомври 336 година[1]. Како на многу негови претходници, така и за овој папа малку се знае за неговиот живот. Според Liber Pontificalis тој бил по потекло од Рим а неговиот татко се викал Приск. Се смета дека овој папа ја основал базиликата Св. Марко во Рим и на базиликата Јукста Палацинис надвор од градот.

Марко
Ракоположен18 јануари 336
Службата завршила7 октомври 336
ПретходникПапа Силвестер I
НаследникПапа Јулиј I
Лични податоци
Роденнепознато
Починал7 октомври 336
Други папи наречени Марко

Марко бил прогласен за светец од страна на Римокатоличката црква и се чествува на 7 октомври.

Наводи

уреди