Урбан VII (лат. Urbanus PP. VII; 4 август 1521 - 27 септември 1590) — римски папа од 15 септември до 27 септември 1590[1]. Тој бил кардинал и нунција во Шпанија. Умрел од маларија, само 12 дена откако бил избран за папа. Во тој период биле распространети пророштвата на Малахиј (1094 - 1148), ирски свештеник, чии пророштва содржеле пророштво за работите на папата по 16. век. Според Малахиј, последниот папа пред крајот на светот ќе биде Петар II.

Urbanus VII
Ракоположен15 септември 1590
Службата завршила27 септември 1590
ПретходникПапа Сикст V
НаследникПапа Григориј XIV
Лични податоци
Световно имеЏамбатиста Кампања
Роден4 август 1521
Починал27 септември 1590
Други папи наречени Урбан (појаснување)

Наводи

уреди