Климент VIII (лат. Clemens PP. VIII; 24 февруари 1536 - 3 март 1605) — римски папа од 30 јануари 1592 до 3 март 1605[1]. Во 1585 бил назначен за кардинал и ја исполнувал функцијата папски легат во Полска. Сурово го критикувал непотизмот, но и тој самиот назначил 4 негови роднини за кардинали. Ја поддржувал инквизицијата. Го прогласил Џордано Бруно за еретик и наредил да биде спален во 1600 година. Се обидел, но безуспешно да го реши проблемот помеѓу Исусовците и Доминиканците, укажувајќи на границите на милоста Божја на волјата на човекот.

Clemens VIII
Родено име Иполито Алдобрандини
Папа од 30 јануари 1592
Папа до 3 март 1605
Претходник Папа Инокентиј IX
Наследник Папа Лав XI
Роден 24 февруари 1536
Фано, Италија
Починал 3 март 1605
Рим
Други папи по име Климент (појаснување)

Наводи

уреди