Пиј III (лат. Pius PP. III; 29 мај 1439 - 18 октомври 1503) — римски папа од 22 септември до 18 октомври 1503[1]. По смртта на папата Александар VI, во изборот за папа учествувале и францускиот кардинал д'Амбуаз и Џулиано дела Ровере, кој се вратил од прогонство, но ни едниот ни другиот не освоиле мнозинство на гласови. За папа бил избран миленикот на папата Пиј II Пиколмини, кој во тоа време бил само ѓакон. Неговиот понтификат траел само 27 дена, а се претпоставува дека бил отруен, но за тоа нема докази.

Pius III
Ракоположен22 септември 1503
Службата завршила18 октомври 1503
ПретходникПапа Александар VI
НаследникПапа Јулиј II
Лични податоци
Световно имеФранческо нани Тодескини-Пиколомини
Роден29 мај 1439
Починал18 октомври 1503
Други папи наречени Пиј (појаснување)

Наводи

уреди