Папа Павле V
Павле V (лат. Paulus PP. V; 17 септември 1552 - 28 јануари 1621) — римски папа од 16 мај 1605 до 28 јануари 1621[1]. По потекло бил од Сиена. Учел право и како свештеник отишол во папскаслужба. Папата Климент VIII го назначил за дипломат во односите со шпанскиот крал Филип II. Тој го назначил својот 27-годишен роднина за кардинал, а своето презиме Кафарели го сменил во Боргезе. Во 1616, со декрет од индексот на забранетите книги го осудил делото на Коперник „За движењето на небесните тела“. По негова иницијатива бил започнат процес против Галилео Галилеј. Забрането било да се тврди дека „Сонцето не се движи во круг околу Земјата и дека Земјата не е центар на вселената“.
Paulus V | |
---|---|
![]() | |
Ракоположен | 16 мај 1605 |
Службата завршила | 28 јануари 1621 |
Претходник | Папа Лав XI |
Наследник | Папа Григориј XV |
Лични податоци | |
Световно име | Камило Боргезе |
Роден | 17 септември 1552 |
Починал | 28 јануари 1621 |
Други папи наречени Павле (појаснување) |
Наводи
уредиОваа биографска статија папа е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |