Никола V (латински Nicolaus PP. V; 15 ноември 1397 - 24 март 1455) — римски папа од 6 март 1447 до 24 март 1455[1]. Во времето кога тој бил монах во Токсана, Никола бил помаган финансиски од страна на Козимо Медичи. Кога станал папа, неговиот финансиер го назначил за банкар во папството. Откако го зазел папскиот престол, се грижел да преовладува мир меѓу христијаните. Тој бил скромен човек, без големи амбиции, голем хуманист, кој се поклонувал на традицијата на антиката. Голема заслуга му се препишува за отворањето на Ватиканската библиотека, во која денес се наоѓаат многу значајни записи од класичната литература. Во негово време, Османлиите го освоиле Цариград. Таа вест ја потресла цела Европа, а желбата на папата Никола V за организирање на нови крстоносни походи против Османлиското Царство не наишла на поддршка од страна на западноевропските монархии.

Папата Никола V од Петар Пол Рубенс
Папата Никола V од Петар Пол Рубенс
Никола V
Nicolaus V
Ракоположен6 март 1447
Службата завршила24 март 1455
ПретходникПапа Евгениј IV
НаследникПапа Каликст III
Лични податоци
Световно имеТомазо Парентучели
Роден15 ноември 1397
Починал24 март 1455
Други папи наречени Никола (појаснување)

Наводи

уреди